Група француски научници од Марсеј соопштиле дека го откриле генот кој функционира како “прекинувач” во епилептичните напади и се надеваат дека наодите ќе обезбедат нов начин на лекување.
Француските истражувачи, соопштуваат дека делувањето на генот кој дејствува како прекинувач, успева да влијае на епилепсијата, преку намалување на бројот на напади и нивната тежина.
Се работи за ген кој не е активен во здравиот мозок, а активен е кај луѓето кои страдаат од епилепсија, невролошка болест која е на второ место на застапеност, веднаш по мигрената.
“Прекинувачот”, кој го утврдиле научниците, делува на 1800гени, меѓу кои се и оние кои влијаат на иритација на мозокот, што предизвикува епилептични напади.