Нова улога: Ентони Хопкинс како Алфред Хичкок

Ентони Хопкинс, 73, најверојатно наскоро ќе започне со снимањето на новиот филм за легендарниот режисер Алфред Хичкок, каде ќе го глуми токму него. Во моментов тој е во преговори со продукциската куќа “Montecito” за главната улога во адаптацијата на книгата,на писателот Стивен Ребел “Алфред Хичкок и за создавање на психата “. Книгата инаку е објавена во 1998 година, и зборува за познатиот режисер кој во моментот на светската слава одлучува да ризикува, и да го снима познатиот хорор филм “Психо”. Филмот стана еден од најголемите хитови, и Хичкок е запаметен како еден од најголемите мајстори во создавањето тензии и директен психолошки трилер и хорор. Најпознати филмови на Хичкок се: “ Птици” , “ Север-северозапад” , “ Вртоглавица ” … Во книгата е посветено големо внимание на неговиот однос кон сопругата Алма Ревил. Ентони Хопкинс е познат по неговите улоги во филмовите базирани на романите како ” Дракула “, ” Брeм Стокер ” и биографиите ” Преболи го Пикасо “, “Никсон” а негова најпозната улога беше во “Кога јагнињата ќе стивнат”, за која доби “Оскар”.