Ѓоковиќ пред крајот на финалниот турнирр на осумте најдобри тенисери на сезоната во Лондон, изјави дека за две години би можел да ја заврши кариерата, ако продолжи да игра на ова „атомско“ ниво. Си поставил само еден услов…
„Ако успеам да ги направам резултатите кои ги имаше Бјорн Борг, би можел да се повлечам од тенисот на 26 години“, објаснил светскиот рекет број еден.
Изјавата на српскиот тенисер можеби е изненадувачка бидејќи пред се има само 24 години и само една година владее во тенискиот свет. Ѓоковиќ зад себе имаше феноменална година и сезона во која освои три Гренд слем титули, но при крајот на годината му започнаа проблемите поради повредите.