Новата најдобра работа на светот

popara5 април, 20111min00
beach is waiting for someone special-874410
Шведското списание “Амелиа“ распишал конкурс за тестери на плажи. Кој не би сакал да се сонча по цели денови пиејќи коктели и да го оценува квалитетот на плажите низ целиот свет, а за сето тоа да биде добро платен.
Списанието за жени, преку националната агенција за вработување распишал конкурс со кој што бара тестери или “пробувачи“ на плажи. Среќниците кои ќе ја добијат оваа работа ќе поминат четири недели на плажите низ целиот свет.
Избраните канидати ќе бидат распоредени на четири атрактивни дестинации, и тоа Медитеранот, Корзика, плажите околу Кејп Таун, Јужна Африка, како и на две локации во Азија.

“Работата бара излежување на плажи, пиење вино во локални кафулиња и останати работи што луѓето ги прават кога се на одмор на плажа. На одредени плажи од тестерите ќе се бара да пробуваат масажи, пијалоци, потоа нуркање и читање книги“, пишува во огласот.
Кандидатите мора да знаат да пливаат, да бидат подготвени да работат до доцна навечер, како и да бидат способни да се одмораат и да не работат ништо подолг временски период.
Освен одморањето и излежувањето, тестерите секојдневно ќе мора на интернет блог да ги опишуваат своите искуства.
“За само неколку часа добивме неколку стотици пријави“, открила уредничката на списанието, Аса Лундегард. На идејата да ангажираат тестери на плажи, вработените во “Амелиа“ дошле од таму што многу туристички агенции барале да се рекламираат во нивното списание.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag