Понекогаш не е потребна посебна специјална обука, туку само талент или искуство во некои поврзани области. Ако сте еден од многумината луѓе кои сакаат да ја сменат својата професија, ова е листата од десет нови професии кои се многу барани во денешницата.
1. Социјални медиуми и менаџер на онлајн заедници – овие имања вушност значат работа на интернет. Социјал медиа стратегот ги промовира брендовите на својот клинет преку социјалните сајтови и алатки. Додека менаџерот на онлајн заедници промовира корисни дискусии за пазарот кој го поддржува. Сепак за ова треба да имате диплома. Комуникациските вештини, доброто пишување исто така треба да го имате во своето резиме, како и некакво исуство со маркетингот. Исто така, справување со работа на социјални мрежи и алатки на интернет е потребно. Годишната плата за старт во просек е 38.000 долари.
2. Професионален блогер – сите знаеме што прават овие луѓе, пишуваат корисни (или некорисни) статии на интернет, на различни сајтови. Може да биде во позиција на експерт или само коментатор. Тој дури може да си ги постира само своите ставови. Она што е важно неговите дела да генерираат повеќе прегледи или кликови. Колку повеќе е успешен блогот, толку повеќе пари се заработува. Исто така можете да си креирате свој блог и да си станете свој газда. Ако успеете да привлечете посетители, тогаш сигурно ќе можете да поставувате и реклами, а тогаш сте добиле џек пот.успешните блогери заработуваат и по 200 долари за еден учинок, статија, постирање.
3. Адвокат на пациенти – во САД каде боледувањето може да ве чини повеќе од еден нов автомобил, и каде пронаоѓањето на вистинската насока во комплицираниот здравствен систем создаде нова професија наречена „Адвокат на пациентот“. Луѓето кои ја работат оваа професија се залагаат за олеснување на пристапот и интеракцијата помеѓу пациентите и здравствените системи и добивање на вистинска здравствена услуга. Тие се залагаат нивните клиенти да добијат најдобар третман и нега, најнови информации за здравството и не прескапо лекување и лекарства. Тие дури може да одат со пацинетите на закажаните прегледи или пак да се осигураат дека пациентот го посетува вистинскиот специјалист. Просечната плата изнесува 59.000 долари.
4. Координатор за менаџирање со таленти – во денешницата кадарот од човечки ресурси неможе да ја следи борбата за вистински талентирани вработени кои им се потребни на големите коропорации и затоа тие вработуваат менаџери за таленти, кои ќе ги најдат вистинските таленти и ќе ги задржат да работат во компаниите. Исто така тие се врската меѓу акционерите и членовите на одборот на една компанија и тие се тука доколку некој си замине од работното место и служат да ги мотивираат и едните и другите во ново настанатите ситуации. Просечната плата е од 67.000 до 80.000 долари.
5. Менаџер за искуството на корисниците – и ова е една нова професија, која започнала во рамките на веб дизајн фирми. Бил потребен обучен кадар за да ги прегледува направените веб сајтови од перспектива на корисникот. Тие им биле потребни за да можат компаниите да создадат производи кои ќе им се допаднат на потрошувачите. Денеска оваа професија е застапена во рестораните, банките, компаниите за осигурување, за да нивната интеракција со клиенти стане поефикасна. Просечната плата е 113.000 долари.
6. Менаџер на одржливот – она што денес се нарекува одржливост, некогаш се нарекуваше рециклирање. Само по себе не беше професија туку мал дел од атрибутите на една личност. Сепак, работите се променија откако зачувувањето на планетата стана фенси. Денеска големите компании вработуваат менаџери на одржливост, за да се справува со сосема нови програми за одржливост, кои може да одат и подалеку од рециклирањето, како прашања врзани за јаглерод, зелено производство. Ако некој е доволно среќен, со спасувањето на планетата или биди зелен програмите, може да заработува и до 120.000 долари годишно.
7. Едукативен консултант – подучувањето не е нова професија, но образовниот консултат сигурно е. Тој прави интервјуа и тестирање на студентите, со оглед да ги открие нивните способности и им помага на студентите и нивните фамилии при изборот на соодветна образовна институција. Тие може да работат самостојно или во фирми, а да зароботуваат најмалку 53.000 долари.
8. Редизајнирање на ентериер и дизајнер за домот – редизајнерите за домови ги користат старите предмети и мебел со цел да направат нешто ново и да му дадат нов изглед на вашиот дом. Телевизиските шоуа од ваков тип станаа многу популарни. Целосното редизјанирање на ентериерот е резултат на ново настанатата економска ситуација, па ни овозможува да дадеме нов изглед на нашиот дом, без да потрошиме големи суми на пари. Најталентираните може да заработат и 700 долари за еден час.
9. Координатор за геријатриски услуги – луѓе кои им помагаат на старите лица кои останале без фамилија. Затоа на старите лица им треба консултант кој ќе им дава правна помош, здравствен надзор, и многу други насоки за различни области. Тука овој консултант треба да има добри комуникациски вештини и да биде запознаен со практиките за грижа на старите лица. Диплома за геронтологија е потребна во повеќето случаи. Платата се движи од 60.0000 до 80.000 долари.
10. SEO специјалист – SEO или ( search engine optimization), е нешто што компаниите го прават откако се измисли оваа алатка. Но, денеска се потребни специјализирани луѓе кои им помагаат на нивните работодавци да ги достигнат најважните цели за својот веб сајт, а тоа е рангирање на прво место на листата на пребарување. Ова е можно за некој што знае како веб сајтот треба да биде кодиран, кои клучни зборови треба да ги одбере со цел страната да се појави повисоко во резултатите од пребарувањето. Компаниите плаќаат и преку 72.000 долари за оваа задача.
2 comments
AirMan
19 јануари, 2013 at 16:47
Колку само смешни констатации наведуваш..објави ти барем еден податок дека некој блогер заработил нешто со тоа што ти го наведуваш ?! 🙁
SEO Rider
31 август, 2012 at 12:48
Јас работам како SEO во една фирма во Скопје, и ме плаќаат за оваа работа…72 денари хаха. Не знам ни што барам во Македонија