Затворениот ирански новинар и активист Хода Сабер умрел од срцев удар во текот на штрајкот со глас, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Новинарот Сабер (50) го започнал штрајкот на втори јуни во знак на протест поради смрт на своја колешка и активистка Халех Сахаби во текот на инцидент на погребот на нејзиниот татко кој бил дисидент. Сабер бил затворен по оспоруваните претседателски избори во 2009 година на кои иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е избран на втор мандат.
Сабер служел неколку затворски казни. Опозициската веб страна известила дека “Силите за безбедност во петок го префрлиле од затворот Евин во болница, заради компликации со срцето предизвикани од штрајкот со глад“.
Халех Сахаби (55) починала на први јуни во текот на судирите на силите за безбедност на погребот на својот татко. Инаку и таа била затворена, но добила излез од затворот за да присуствува на погребот. Некои сметаат дека добила удар од припадник на силите за безбедност и умрела од срцев удар.
Иранските официјални лица негираат дека дошло до било каков судир на силите за безбедност за време на погребот. Езатолах Сахаби, татко на почината новинарка, кој бил водечки ирански дисидент, починал на 30 мај од мозочен удар на 82- годишна возраст.
Извор: Нетпрес