Новинарот кој се посрамоти пред Далај Лама

popara15 јуни, 20111min00
dalaj-lama-vic-498

Дека кажувањето шеги и вицови на друг јазик, кои мораат да се преведуваат не е лесно, е одамна веќе познато, а кога пропратно со тоа сакате да насмеете некој свештеник, е тогаш уште повеќе можете да ја замрсите работата.

Токму тоа му се случи на еден австралиски новинар, кој се обиде да се нашали со Далај Лама, кажувајќи му виц за Далај Лама. Сепак, лидерот на тибетските будисти се испостави дека може да биде добра публика.

“Влегува Далај Лама во пицерија и вика – може ли да ми направите една со се?“, рекол насмеаниот водител. Всушност станува збор за двосмислена реченица, која може да биде преведена и како – можете ли да направите да бидам едно (се мисли единство) со сите, кое требаше да биде алузија на будистичките верувања.

Погледнете како Далај Лама изреагира на напорите на новинарот да биде смешен и вицкаст.

http://www.youtube.com/watch?v=xlIrI80og8c&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag