Новиот албум на Ријана се вика “Talk That Talk”

popara5 октомври, 20111min00
rihanna_hot_girl_boobs

Новиот сингл на Ријана, „We Found Love” од вечерва е достапен за download. Ријана вечерва (4 октомври) ќе дозволи download за својот нов сингл „We Found Love.” Песната како што веќе објавивме е во продукција на Калвин Харис, а таа ќе биде првиот сингл од новиот албум на Ријана кој ќе се вика „Talk That Talk.”

Ријана моментално е на турнеја низ Велика Британија каде што ќе одржи 10 настапи во лондонската O2 Арена (со што ќе постави рекорд на салата како изведувачка со најголем број концерти откако во 2007 беше отворена О2 арената), а потоа во Ливерпул, Манчестер, Глазгов, Бирмингем, Њукасл, Шефилд и Нотингем.

Настапот на Ријана е прилично слободен, па поради тоа пејачката доби критики и од колешките, како што е Mel C од Spice Girls која изјави: „Ја сакам Ријана, мислам дека е фантастичен изведувач, со одлични песни и одлични албуми, и одлично изгледа. Но таа не е мајка – ако некогаш стане, различно ќе се чувствува. Барем се надевам.”

Објавувањето на песните е дел од кампањата на Ријана: UNLOCKED, со која се овозможува на обожавателите низ  игра да дојдат до интерактивен материјал. Повеќе информации побарајте нa Facebook профилот на Ријана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma