Бесплатната пробна верзија на оперативниот ситем „Windows 8“ за 12 часа била испробана од околу 500.000 луѓе, изјавил денес извршниот директор на Мајкрософт, Стив Болмер.
Болмер, меѓу другото, наведе дека е потребно уште многу време за верзијата да се доведе до конечен стадиум.
Единствениот изглед на „Windows 8“ е адаптиран пред сè да се користи по пат на тач екран. Новитетите кои ги носи овој систем се приспособени и за телефони и за секакви компјутерски десктопи, а ќе биде возможно и досегашното традиционално користење со помош на тастатура и глувче.
Точен датум на пуштање на конечната верзија сеуште нема, но се очекува да се појави некаде во октомври 2012 година.