Викторија и Дејвид Бекам за прв пат ја покажаа својата ќерка во јавност. Гордиот татко, нежно ја држеше својата ќерка Харпер Севен која има неполни два месеци, а бившата членка на Spice Girls покажа дека повторно е во топ форма и дека нема намера во брзо време да се откаже од своите вртоглаво високи потпетици. Двојката и нивната ќерка и синот Бруклин беа забележани како пазаруваат во трговските центри низ Беверли Хилс.