Објавени номинациите за Оскар 2011

24 јануари, 20110
oscar-nominees

Утрово беа објавени номинациите за овогодинешните филмски награди Оскар. Доколку “Златниот глобус“ е некаков предвесник на победниците на Оскарите, тогаш филмот “Социјална мрежа“ ги исполнува сите услови за победник на Оскарите. За најдобар филм, очекувано беше номиниран “Црниот лебед“, понатаму учество земаа и “Социјална мрежа“, “Борецот“, “Почетокот“, “Децата се добри“, “127 часа“, “Говорот на кралот“, за кој се предвидува добро пласирање, “Приказна за играчките“, “Вистински подарок“ и “Зимска коска“. Во категоријата најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Никол Кидман, Џенифер Лоренс, Натали Портман, Мишел Вилијамс, а според досегашните прогнози најголеми шанси за победа има Натали Портман.
Најдобар актер оваа година ќе се избира помеѓу Хавиер Бардем, Џеф Бриџис, Џеси Ајсенберг, Колин Фирт и Џејмс Франко. И оваа година некој од режисерите ќе добие награда за своето дело, а за наградата ќе се борат Дарен Ароновски, без сомнение, Дејвид Расел за “Борецот“, Том Хопер за “Говорот на кралот“, Дејвид Финчер за “Социјална мрежа“ и Џоел и Етан Коен за “Вистински подарок“. Овогодинешните “Оскари“ ќе бидат доделени традиционално во “Кодак театарот“ во Холивуд на 27 јануари 2011 година. Ова ќе биде 83 издание на доделувањето на Наградите на филмската Академија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma