Објавени нови фотографии од снимањето на филмот “Во земјата на крв и мед”

popara6 декември, 20115min00
naslovna

Минатата недела официјално беше објавен постерот за филмот “Во земјата на крв и мед”, режисерското деби на Анџелина Џоли. Денес беше објавена галерија на нови фотографии од снимањето на сцени од филмот.

Во филмот се раскажува за војната во Босна и љубовната приказна помеѓу Босанката Ајла (Зана Марјановиќ), која е заробена и за Србинот Даниел (Горан Костиќ), кои беа во љубовна врска пред почетокот на војната. Во филмот исто така глумат и Раде Шербеџија, Ванеса Глоџо, Алма Терзиќ, Ермин Сијамија, Јелена Јованова и уште неколку актери од нашите простори.

Филмот е снимен на босански и на англиски јазик. Филмот “Во земјата на крв и мед” ќе бидe прикажан во некои театри низ САД започнувајќи од 23 декември, а пошироката дистрибуција ќе започне во јануари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag