Обланди со чоколадо

popara22 декември, 20111min00
cokooblanda

Потребни состојки:

500 гр. шеќер

5 дл. вода

100 гр. чоколадо

250 гр. маргарин

1 ванилин шеќер

4 лажици брашно

1 рендана кора од портокал

1 пакување обланди

Припрема:

Во 1 децилитар ладна вода додадете го брашното и ванилиниот шеќер и добро промешајте. Шеќерот истопете го во тенџере на оган за да добиете карамела, но внимавајте да не изгори.

Тргнете го тенџерето со шеќерот од оган и додадете 4 децилитри вода, маргаринот и чоколадото, па вратете го на тивок оган и варете се додека смесата не проврие. Додадете го брашното и гответе уште 3 минути.

Додадете рендана кора од портокал, па тргнете го филот од оган и оставете го да се излади. Потоа изматете со миксер за да добиете хомогена смеса.

Намачкајте ги обландите со филот и притиснете ги со чинија за да се залепат. Ставете ги во фрижидер пред послужување најмалку еден час. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag