Очај завладеа секаде на европските скијалишта откако сезоната на зимска радост се уште не е почната поради тоа што нема снег. Швајцарските Алпи се „суви“, а овој ноември бил најсушниот месец откак опостојат мерења. Есента исто така била најтопла во последните 150 години. Недосатокот на снегот влијае лошо на туризмот.
Еден менаџер на хотел во австрискиот Katschberg одлучил да проба апсолутно се за небото да побели и конечно да падне снег. Па така тој решил да повика 15 оџачари, за кои се верува дека носат среќа и да се молат за да падне снегот.
„Убедени сме дека сега се ќе биде во ред“, изјавил инцијаторот на оваа идеја Wolfgang Hinteregger по молитвата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=HpyeYcI667c