Метју Адам Томсон и неговиот пријател Самуел Клејтон Харви од северна Калифорнија пред неколку дена од Мерцедесовиот продажен салон во Калифорнија украле нов мерцедес автомобил. А само ден по кражбата Томсон на својот facebook профил гордо објавил слика од својот плен.
Неколку саати по објавувањето на фотографијата на интернет, полицијата со помош на дојава без никакви проблеми го решила случајот и го уапсила еден од најглупавите криминалци во историјата на Калифорнија. Автомобилот е пронајден пред куќата на Метју, а полицијата влегла и во домот на глупавиот криминалец и замислете на масичката во дневната соба пронашла поголема количина на кокаин. Метју е уапсен и му е одредена мерка притвор, а казната која би можел да ја добие изнесува минимум 10 години затвор.