Playboy е најпознатото списание за мажи, кое содржи фотографии од голи жени. Тоа е основано во Чикаго во 1953 година од страна на Хју Хефнер, а инаку финансирано било со 1000 долари заем од мајката на Хефнер. Ова списание прерасна во компанија, а стана и светски најзпонат бренд. Посебни специфични верзии од ова списание се објавуваат насекаде во светот.
Магазинот имал долга историја на објавување кратки раскази од познати писатели, како Артур Кларк, Јан Флеминг, Владимир Набоков, Маргарет Атвуд. Потоа имало разни интервјуа со познати јавни личности, уметници, архитекти, економисти, композитори, диригенти, режисери, новинари, писатели, драматурзи итн.
Првото издание беше во декември 1953 година, кое не било датирано, поради сомненијата на Хју Хефнер дека ќе има и второ издание.
На првото издание во декември 1953 година, на насловната страница се најде Мерлин Монро, од тогаш па наваму се прерасна во историја, која се уште трае.
PlayBoy мисиците од списанието и календарот за 1954 година.
1. Јануари – Margie Harrison – американски модел и актерка.
2. Февруари – Marilyn Waltz – американски модел која многу често била поврзувана со Мерлинка.
3. Март – Dolores Del Monte – иако многу од девојките често понатаму се повторувале и повеќе пати се појавувале во ова списание, оваа девојка од Вашингтон се појави само оваа година и никогаш повеќе.
4. Април – Marilyn Ardith Waltz – се појави два пати во истата година за месец февруари и април.
5. Мај – Joanne Arnold – американски модел и своевремено позната актерка, неколку пати се има сликано за ова списание.
6. Јуни – Margie Harrison – американски модел и актерка.
7. Јули – Neva Gilbert – американски модел и актерка.
8. Август – Arline Hunter – американска актерка и модел, а овој месец е познат што за прв пат фотографиите не биле откупени туку направени со сопствен фотограф и под надзор на Хју Хефнер.
9. Септември – Jackie Rainbow – американски модел.
10. Октомври – Madeline Castle – американски модел кој во текот на 50-тите години и почетокот на 60-тите се појавила во повеќето списанија за мажи, а била позната и како една од најдобрите пинап девојки.
11. Ноември – Diane Hunter – е псевдонимот на девојката чие вистинско име е Gale Rita Morin, која била познат американски модел.
12. Декември – Terry Ryan – американски модел. Од ова фотографирање па натаму Плејбој сите фотографирања ги правеше независно без да купува позадини или пак фотографии.