Вашингтон – Најновите истражувања на јавното мислење во САД покажува дека Американците се сè повеќе исфрустрирани од претседателот Барак Обама, но и од неговите републикански ривали.
Во истражувањето се констатира дека дури 53% од испитаните се незадоволни од она што Обама го направил досега, а 77% мислат дека земјата е на погрешен пат.
Цели 35 проценти од запрашаните жители велат дека финансиската состојба за времето на владеењето на Обама им се влошила, а скоро 34% се изјасниле дека постапките на Обама, на Америка и нанесле повеќе штета отколку корист, во споредба со 17 проценти кои го мислат спротивното.
Интересно е што Американците се воедно и против Републиканците, со 68 проценти незадоволни од работата на републиканските луѓе во конгресот.
На прашањето на кого би му ја дале довербата да ја води државата, да отвора нови работни места и да се справува со федералниот дефицит, Обама и Републиканците стојат подеднакво со по околу 40 проценти.
Се очекува Обама да се појави во четврток на заедничка седница со конгресот со цел да го објави новиот план со кој економијата во земјата ќе се врати на вистински пат и ќе се намали процентот на невработени кој упорно стои на 9 проценти.
Едниствена светла точка за Обама е борбата против тероризмот, зад која стојат 62 % од анкетираните.