Една жена се обидела да го прошверцува мажот од затвор во куфер. Мексиканката е уапсена поради обидот да го прошверцува својот сопруг од затвор по брачната посета.
Марија дел Мар Корба, која има деветнаесет години, била запрена кога сакала да излезе од затворот во Четумал, главниот град на државата Кариба Куинтана Ро.
На персоналот од затворот му паднало сомнително кога ја виделе нервозната млада жена како се бори со црн, огромен куфер, кој изгледал пренатрупан.
Портпаролот на полицијата Херардо Кампос изјавил дека чуварите на затворот одлучиле да проверат и го пронашле “спакуван“ затвореникот Хуан Рамирез Тијерин.
Рамирез е осуден во 2007 година и се наоѓа во затворот на издржување казна од 20 години, поради илегално поседување оружје.