Многу Американци од Феникс, Лас Вегас, па се до јужниот брег на Калифорнија здогледале сино-зелена светлина. Загрижени и исплашен ги “запалиле” телефоните на локалните власти, информирајќи ги за мистериозната светлина кој патува со голема брзина од запад кон исток.
“Не можеме да бидеме сосема сигурни, но веројатно станува збор за огнена топка или метеор со големина на кошаркарска топка кој изгорел во атмосферата”, изјавил експертот на НАСА Дон Џеманс. Бојата на светлината што се ширела при согорување во атмосферата, покажува дека метеоритот во себе содржел магнезиум или никел, појаснил Дон.