Огромно суши за полн стомак…се чека 2 дена :)

popara26 септември, 20111min00
sushi-1

Ролованите алги во ресторанот Умевака се подготвуваат од вкупно 24 состојки. Кога на 2 метри долгите алги распределите риба, зеленчук и ориз, целиот завиткан ролат тежи околу шест килограми.

Ресторанот се наоѓа во јапонската префектура Аич и во него се сервира најголемата порција суши на светот. Порцијата знае да тежи и до 6 килограми, а вештите готвачи на совршен начин знаат како правилно да ги измешаат 24-те состојки од кои се прави сушито.

Доколку сакате да го нарачате ова гигантско јадење морате да го најавите вашето доаѓање барем два дена однапред. Во склад со големината на порцијата и цената не е баш ниска. Една ваква порција чини околу 135 евра, но барем гостите од ресторанот излегуваат задоволни и прејадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma