Опасен љубовџија! Коби Брајант ја изневерил сопругата 105 пати!

popara25 декември, 20111min00
kobib

Ѕвездата на Лејкерси кошаркарот Коби Брајант бил многу неверен на својата сопруга, која наводно ја изневерил дури 105 пати.
Сега веќе поранешната жена на кошаркарот Ванеса Брајант, планирала да се разведе од него уште пред 4 години, но го послушала советот од мајка си да почека до десет годишнината од бракот, за да може да наследи половина од имотот. Ванеса се разбира го послушала советот.
Сопругата на кошаркарот изнајмила и приватен детектив кој ќе го следи Коби Брајант, а сите докази за неговите неверства и ги давал на Ванеса како доказен материјал. Според доказите и според она што го знаеле Ванеса заклучила дека Брајант ја изневерил околу 105 пати.
„Ванеса знаеше дека Коби ја изневерува, но не веруваше дека до толку многу. Кога почнаа да и стигнуваат доказите таа беше вон себе. Сето тоа таа планираше да го употреби на суд доколку Коби не се разведеше по заемна согласност“, изјавил извор близок на Ванеса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma