Опсесија поради која жените трпат болка

popara7 септември, 20111min00
moda 6

Дури и модните почетоци знаат дека обувката може да го расипе или целосно да го поправи целиот впечаток, а во потрага по совршен пар на чевли за секоја прилика, просечната жена успеа да собере импресивна колекција од 39 парчиња, пишува Dejli mejl.

Повеќе од една четвртина од жените испитани во анкетата која е спроведена од страна на MSN, признале дека имаат повеќе од 50 пара чевли, а една од десет купува само високи потпетици.

Но таа желба да биде повисока по секоја цена, многу жени признаваат дека им го уништило здравјето. Дури 86% од жените изјасниле дека претрпеле некакви повреди поради омилените чевли на високи потпетици.

Шокантен е фактот дека повеќе од половина се спремни да издржат болка за да изгледаат добро во своите чевли. 47% од жените кажуваат дека купуваат барем еден нов пар на чевли месечно, а 15% купуваат нови чевли на секои две недели.

Само 4% од жените изјавиле дека повеќе би носеле рамни чевли. Високите потпетици се една од ретките разботи кои можат да предизвикаат физичка болка и истовремено да пружи толку многу радост на жената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma