Брус Ивинс бил најдобриот експерт за антракс во САД, а ФБИ преку истрага утврдила дека тој е виновникот за паниката која настана по терористичкиот напад на САД.
САД неколку недели по нападите на Светскиот трговски центар беа преплавени од втор бран тероризам. На адресите на државните службеници започнаа да пристигнуваат писма со смртонсна бактерија – антракс. Пет лица загинаа, а 17 беа заразени, а тоа беше доволно паниката да се рашири. Прв осомничен беше Осама Бин Ладен, но по седум годишна истрага уврдено е дека главниот виновник за тоа е ментално болниот научник од САД, Брус Ивинс.
На CNN бил емитуван документарец, каде за прв пат на јавноста и била откриена вистината. Писма со антракс добиле сенаторите Том Дешл и Патрик Лихи. По обемна истрага на бактеријата и писмата, американското ФБИ утврдило дека не станува збор за исламските терористи, туку за некој од САД. Испратиле молби до над 43.000 адреси до научници во кои ги замолиле на било каков начин, со било какви информации да помогнат.
Од илјадници писма, тие добиле само еден одговор, од Ненси Xеигвуд, која работела во научниот центар во Орегон. Таа веднаш истакнала дека целата ситуација и е позната. Ненси го имала запознаено Брус уште во 70-тите години додека студирала. Таа изјавила дека веднаш и била сомнителна неговата опсесија со сестринството Капа Капа Гама, во кое и таа припаѓала. Додала дека Брус подоцна се вработил во Медицинскиот институт за истражување на инфективни болести, а таа живеела во Вашингтон.
Се убил пред неговото апсење
Неговите опсесии и неговата тогашна работа, Ненси веднаш ги поврзала со антраксот. Знаела дека тој е способен за нешто такво. Ивинс во тоа време бил еден од најдобрите експерти за антракс. Тој дури и испратил фотографија на Ненси како држи прав во раката заразен со антракс и порачал дека тој веќе бил имун на тоа. Дури во 2008 година ФБИ собрал доволно докази за да може да се покрене обвинение против него.
Откако се одлучило Ивинс да биде уапсен, тој извршил самоубиство. Дури во 2010 година истрагата е затворена. Низ годините имало сомневања дека Ивинс имал помошници, но на крај тие тврдења биле повлечени.