
Новото истражување ја покажува директната врска помеѓу орален секс и рак на грлото.
Оралниот секс може да се карактеризира како ризично однесување кое не е ништо подобро од пушењето цигари, барем кога станува збор за здравјето. Новите истражувања покажуваат дека оралниот секс може да предизвика повеќе случаи со рак на грлото кај мажите за разлика од пушењето и сето тоа заради пренос на хуманиот папилома вирус (HPV).
Во 2004 година, HPV предизвикало на 2,6 случаи со рак на грлото од 100.000 жители, во споредба со 0,8 случаи на 100.000 луѓе во 1998 година. Ако ова продолжи, до 2020 година HPV ќе биде почеста причина за рак на грлото кај мажите и жените, отколку тоа да биде случај на рак на матката.
Зошто се зголемува бројот на болни? Бидејќи се повеќе луѓе практикуваат орален секс. Истражувачите велат дека младите луѓе се почесто практикуваат орален секс поради тоа што тие мислат дека е побезбедно кога станува збор за инфекции од сексуален однос.
Покрај зголемување на свеста за ризиците поврзани со орален секс, може да има друго решение што е веќе достапно. HPV вакцината која се препорачува за девојките веројатно може да спречи и рак на грлото кај мажите. Компаниите кои произведуваат вакцината ќе треба да се тестираат специјално за оваа намена, а потоа здравствените работници ќе треба поработат на свеста на родителите да ги вакцинираат своите деца против HPV.
Но, тука може да се јави проблем со родителите на децата од женски пол, за кои се потребни брдо докази за да ги заштитат своите девојки од сексуално преносливи болести, затоа што современото општество и денес нема исти погледи на машката и женската сексуалност.