Универзитетот Кембриџ обајви дека ги поставила скоро сите ракописи на познатиот англиски физичар Исак Њутн (1643 – 1727) на интернет.
Универзитетот соопштил дека лансирал сопствена онлајн колекција од 4000 страници со најпознатите дела на славниот научник и мислител.
Од Кембриџ најавиле дека планираат да ги постават на интернет и другите ракописи на познати личности, вклучувајќи ги и оние на Чарлс Дарвин.
Претставниците од Кембриз истакнале дека со поставувањето на работата на Њутн на интернет ќе се овозможи многу луѓе да ги откриваат и да ја истражуваат содржината на неговите ракописи.