Заборавете на песни и танц на доделувањето на Оскари, и подгответе се за акција, авантура и специјални ефекти на церемонијата во февруари следната година, затоа што Американската филмска академија за следната церемонијата го идбрала режисерот Брет Ретнер, пишуваат странските медиуми.
Брет е познат по филмот Rush Hour и тој ќе биде одговорен за продукцијата на најгламурозната церемонија на светот.
Овој потег ќе го промени стандардниот тек на церемонијата каде секогаш се ангажираат актери кои комично ќе ја водат церемонијата, јавува Ројтерс.
Со ангажирањето на Брет, академијата сака да привлече млада публика која ќе ужива во специјални ефекти и други интересни остварувања.
Доделувањето на наградите на Американската филмска академија се закажани за 26 февруари следната година во Лос Анџелес.