Стравот е чувство кое во најголемиот број од случаите негативно делува на секоја животна активност. Во сексуалната комуникација стравот може да биде фатален бидејќи ја напаѓа суштината и смислата на сексуалниот однос преку различни форми, како непријатност, срам, напнатост.
Постојат повеќе психолошки причини зошто жените избегнуваат да водат љубов со својот партнер. Од страв и анксиозност, па се до чувство на вина и неискуство, постои цел спектар на проблеми кои влијаат врз сексуалното однесување на жените.
„Освен стравот од сексуално преносливи болести и стравот од несакана бременост, кај жените се почесто се изразени фобии заради кои тие сексот го доживуваат како казна“, вели психологот Марија Петровиќ. Таа потенцира дека жените најчесто се плашат од понижување, одбивање, но и се преоптеретени со своот изглед.
Бидејќи сексуалност доаѓа од мозокот, еве неколку совети како да ги идентификувате стравовите, да се ослободите од нив и да уживате во сексот.
Страв од болка: Независно од тоа дали ви е прв или стоти сексуален однос, сексот за жените понекогаш може да биде болен. Најчестите причини за болка се психички, но може да станува збор и за визичко воспаление ли пак ПМС.
Страв од понижување: Многу жени мислат дека мажите во сексот се впуштаат само за да ги задоволат сопствените потреби и дека не се грижат за чувствата на жената. Овој став може да потекнува од лоши претходни искуства, но се должи и на фактот дека родителите ги воспитуваат своите ќерки дека сексот е нешто нечисто и срамно.
Страв од одбивање: Многу жени имаат проблем со самодовербата и се плашат дека нема да бидат доволно добри за своите мажи. Овој страв може да биде толку изразен што жените едноставно се парализираат пред мажите, не можат нормално ниту да разговараат, а камо ли да водат љубов. Некои успеваат да го совладаат стравот, но премногу се трудат за да го задоволат партнерот, па тие остануваат незадоволни. Сексот тогаш се претвора во должност, а уживањето и оргазмот се чинат како недостижни цели.
Подршката на партнерот е најважна: Наместо да се опуштат и да уживаат, некои жени за време на сексот размислуваат за својот целулит, вишокот килограми или непријатните мириси на нивното тело. Размислувањето за маните и несовршенствата го уништуваат уживањето. Ќе се чувствувате секси и привлечно само кога ќе започнете да го сакате вашето тело онакво какво што е. Доколку има нешто што ви пречи, направете се за да го корегирате. И запомнете, мажите не бараат совршено тело, туку жени кои ќе знаат да ги задоволат и кои ќе уживаат во сексот.
Сите видови на страв може да ги совладате постепено, сами или со помош на партнерот или стручно лице. Вистинските мажи никогаш нема да дозволат жената сама да го носи товарот на овие проблеми, туку ќе се обиде да и помогне да ги надмине стравовите за подобар сексуален живот и на двајцата партнери.