8 Едноставни прашања на кои науката нема одговор:))

popara18 октомври, 20113min01
prasanja-odgovori

Науката ни овозможила неверојатни нешта, од патување во вселената, до бежична комуникација, до лекување на многу болести… Едноставно е неверојатно да се поверува дека и научниците немаат одговори на некои од најсекојдневните човекови навики. Погледнете кои се прашања се мистерија и за „обичните смртници“, но и за најпаметните научници.

 

Зошто спиеме?

Колку што е познато, сите суштества на планетата имаат потреба од сон, што значи дека спиењето има клучна улога во животот на сите живи нешта. Но науката засега воопшто не може да објасни зошто спиеме!?!

Досега има повеќе објаснувања зошто спиеме, но досега ниедно не е официјално признато и прифатено. Според некои научници, чуѓето спијат за да може да создадат меморија и да научат. Според друга теорија, спиењето му помага на мозокот да се „исчисти“ од преголемиот број на внесени информации. Но има проблеми и со двете теории. Првиот факт е дека и растенијата, кои немаат мозок, влегуват во состојба слична на сон, па со тоа се побива теоријата дека „сонот е единствено добар за мозокот“. Исто така, постојат неколку документирани случаи за луѓе кои опстануваат совршено добро без потреба на сон. Па, дали спиењето има некаква функција или пак тоа е само неповратно изгубена 1/3 од нашиот живот?

 

Колку планети има во Соларниот Систем?

Сите во училиште сме учеле дека во Соларниот Систем има девет планети и тоа сме го сфаќале како вистинит научен факт. Но откако ја исфрлија планетата Плутон пд листата на планети во Сончевиот Систем, повеќе ништо не е сигурно.

Најучудно е што секојдневно слушаме за некои новооткриени ѕвезди и далечни галаксии кои се милијарди светлосни години одалечени од нас. Како е тогаш можно да не знаеме колку планети има во нашето најблиско опкружување.

Иако научниците оддаваат имиџ дека знаат се за Соларниот Систем, всушност поголемиот дел од него е сеуште неистражен. Секојдневно се прават нови откритија, а некои научници веруваат дека во нашиот Соларен Систем има уште едно сонце!!!

Неодамна научниците открија небесно тело кое го нарекоа Седна, за кое се знае дека орбитира околу Сонцето, па најверојатно бројот на планети повторно ќе биде девет. Сигурно им се смачи на оние кои ги пишуваат учебниците за основно училиште 🙂

Но тоа не е се. Научниците открија дека некои од метеорите и кометите не се движат по предвидената траекторија, што укажува дека најверојатно постои уште една планета во Соларниот Систем која е огромна – огромна во стилот на четири пати поголема од Јупитер!!!

 

Зошто мразот е лизгав?

Мразот е причина за многу скршеници, набиеници, модринки…Да се рече дека мразот е лизгав е исто како да се каже дека водата е влажна. Верувале или не, научниците немаат објаснување зошто мразот е лизгав???

Инаку, популарното обајснување дека мразот се шири кога се смрзнува и се собира кога се топи е одамна побиено, заради фактот дека човечкото тело нема доволно енергија за да стопи ниту мал дел.

Друга теорија е дека мразот воопшто не е лизгав, туку дека е навистина нерамен, и дека токму поради таа нерамност, тој станува лизгав кога ќе згазнете на него заради триењето. Е ова навистина звучи како измислица на некои фрустрирани научници!!!

 

Како работи велосипедот?

Велосипедот е измислен во 19 век, а привчниот дизајн сеуште се употребува во последните 200 години. Две тркала, рамка, синџир и спремни сте за возење…

Ако ништо друго, ќе мислите дека барем типот што ги измислил велосипедот знаел што прави, но после многу години истражување, единствено што научниците можеле да заклучат за него е дека бил некаков вид на маѓепсник.

Всушност, според научниците, првиот велосипед не бил измислен со знаење, туку од чиста среќа. Дури и денес дизајнерите на велосипеди велат дека за добар дизајнер не се потребни инженерски или компјутерски вештини, туку интуиција и искуство.

Што се случува кога ќе ги прашате дизајнерите што ги прави велосипедите стабилни? Како се движат? Како луѓето ги возат? Повеќето ќе избегнат да ви одговорат, а оние искрените ќе ви кажат дека немаат поим. Иако некои научници направиле формула за тоа како функционираат велосипедите, таа е побиена и отфрлена.

 

Како се победува играта солитер?

Една од најпознатите компјутерски игри на која секојдневно милиони луѓе ширум светот губат време е играта солитер. Верувале или не, и по толку изиграни партии, научниците неможе да објаснат како се победува оваа игра!!!

Малку е фрустрирачки фактот дека може да се објасни како се победува играта блекџек, па и покер, а не може да се објасни како се победува играта солитер. Станува збор за верзијата Klondike Solitaire, против која научниците се беспомошни.

За играта која потекнува од 1800 години многу познати математичари признаваат дека не знаат ништо. Оваа игра многумина ја нарекуваат „срам за математичките правила“ бидејќи во неа не може да се примени ниту едно докажано правило.

Проблемите во оваа игра се повеќекратни. На пример, никој не може да открие колку возможни решенија има на една партија. Исто така никој може да одреди колкави се статистичките шанси за успех.

Иако изгледа едноставно во споредба со Монопол, Кантер Страјк или Ризико, оваа игра сеуште останува мистерија за научниците. На нас ни останува да не се грижиме за статистиката, туку само да си играме солитер кога ни е досадно.

 

Колку видови на животни има?

Во 21 век, деновите на Марко Поло и Колумбо се зад нас. Денес никој не истражува и не открива нови земји и континенти каде има нови непознати видови на животни. Денеска лицето на планетата земја е познато на сите. Па, зар ако сме го превртеле секое камче на оваа планета, не би требало да знаеме колку вкупно видови животни има во светот??? Логички би требало, ама одговорот е сепак не!!!

Всушност, научниците не се ни близу до откривање на тоа колку видови на животни постојат. Кога ќе ги прашате таксономистите, односно научниците задолжени за броење и каталозирање на животинскиот свет, тие ќе ви одговорат дека вкупната бројка на животинчиња не е позната.

Секоја година се откриваат нови 15.000 нови видови, што значи дека со ова темпо само во наредните 10 години ќе имаме нови 150.000 видови.

Иако засега има регистрирано околу 2 милиони видови на жители, никој со сигурност не може да предвиди колку всушност животни има на оваа планета. Предвидувањата се од пристојни и веродостојни 5 милиони, до неверојатни 100 милиони видови! Разликата во предвидувања постои бидејќи сите научници работат од интуиција и погодувања кога станува збор за ова прашање.

Најголемата причина зошто животинскиот свет во голема мера останува неоткриен е фактот дека 99% од фауната живее во океанските води. Засега, луѓето имаат истражено само 10% од океаните. Верувале или не, постојат поверодостојни и подетални мапи од површината на Месечината отколку од океаните низ светот!

 

Должината на брегот на САД! Или на било кој брег ни светот!

Географијата е наука која ние ја сваќаме здраво за готово, затоа што сметаме дека некој веќе ја измерил големината на нештата и тие мерки веќе станале научен факт!. Добро, ова тврдење во голема мера е вистинито, но не и кога станува збор за должината на бреговите ширум светот.

За пример ќе го земеме брегот на САД. Според податоците на ЦИА, брегот на САД е долг 12,380 милји, според студија на Харвард 29,093, а според податоците на Националната администрација за океанологија и атмосфера, се работи за неверојатни 95,471 милји. Како е ова можно???

Различните должини не се резултат на намалување или зголемување на брегот. Всушност, најголемата разлика се јавува заради фактот дека сите употребуваат различно ниво на детали при мерењето. Оние кои употребуваат помалку детали и грбо ја мерат должибната на брегот добиваат помали резултати, додека оние кои одат во ситни детали добиваат значително поголеми резултати.

Она што е чудно дека секоја агенција си ги прифаќа само сопствените резултати, што значи дека не постојат официјални податоци кои се општоприменливи и за секаква употреба.

 

Како работи гравитацијата???

Добро бе, станува збор за гравитација. Ќе фрлиш нешто во воздух и тоа ќе падне на земја. Силата на гравитацијата изнесува 10м/с.

Прво да разјасниме дека, и покрај популарното тврдење, Њутон не ја открил гравитацијата. Гравитацијата, кратко и јасно, ја откриле нашите први предци кога се обиделе да летаат, а не можеле!

Всуштност, четири сили го држат универзумот, а единствена од нив која нема никаква смисла е гравитацијата. На пример, може да биде силна и слаба во исто време. Без оглед каде и да патувате, секаде ќе најдете гравитација, бидејќи таа е силата што го држи универзумот. Од друга страна, гравитацијата е најслабата сила на светот.

Всушност, средината на силата на гравитација, односно гравитронот, сеуште не е окриен, за разлика од средишните центри на другите сили кои го движат светот.

Најзбунувачкиот факт околу гравитацијата е што работи на големите нешта, но кога ќе ги разложите истите нешта на атоми и молекули, гравитацијата единствено исчезнува. Гравитацијата е причината за недостатокот на соработка помеѓу квантните физичари и физичарите на природниот свет.

Можеби е фрустрирачки фактот дека знаеме повеќе за молекулите отколку за тоа зошто кога ќе фрлиме топка таа ќе падне на земја. Ама да им го оставите тоа на физичарите, ние може да си уживаме во животот и да си ја почитуваме гравитацијата онаква каква што ја знаеме.

One comment

  • Трајче

    21 март, 2013 at 13:44

    ,,Должината на брегот на САД! Или на било кој брег ни светот!
    Географијата е наука која ние ја сваќаме здраво за готово, затоа што сметаме дека некој веќе ја измерил големината на нештата и тие мерки веќе станале научен факт!…”
    Почитувани, видете, ,,вие” или тој што го напишал ова очигледно не знае(те) дека во Географијата постои Принцип на научност и Принцип на ажурност. Затоа, друг пат кога пишувате нешто од која било област консултирајте се со некој соодветен кадар пред да напишете нешто кое не соодвестува со реалната ситуација.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma