Осум начини како да се ослободите од досадната свекрва

popara30 јуни, 20111min00
ptss-od-svekrva-stresa-pati-cak-60-posto-snaha-504x335-20081251-20101019010905-155235

Таа е најмоќната сила на универзумот и извор на судири во скоро секој брак. Можете да погодите… мислиме на свекрвата. Како да се ослободите од секојдневните нејзини вплеткувања во вашиот брак?

Таа најдобро знае да готви, знае најдобро да ги чува вашите деца, знае како да ги отстрани дамките од неговата кошула… Ова е чест случај заради кој бесните сопруги се нервираат. Како да го решите овој проблем? Вооружете се со трпение и прочитајте го следново упатство.

Помеѓу два огна. Разговарајте со сопругот. Тој мора да знае како вие се чувствувате. Само внимателно, немојте да направите да се чувствува како да е помеѓу два огна. Прашајте го него што мисли тој дека е најдобро да направите. А, може и тој нешто да и каже на својата мајка, зошто кога тој кажува тоа има вредност.

И она е жена. Немојте да ја обвинувате цело време. И таа е живо суштество кое греши. Размислете дали сте вие одговорни за некои нејзини постапки. Обидете се да го подобрите односот со неа. Можеби таа нема да го прифати тоа, но барем ќе има помалку причини да се жали кај вашиот сопруг.

Ако не можеш да победиш, придружи и се. Не е лесно, знам дека уште кога го прочитавте ова ви дојде помислата дека тоа е невозможно, но барем обидете се да го прочитате до крај. Сепак тоа е негова мајка. Човекот кого вие го избравте за ваш животен сопатник, сепак е нејзин син. Можеби не треба да ви биде најдобра пријателка, но коректниот однос ќе ви биде од помош.

Покажете и дека е потребна. Причината за таквиот нејзин однос е тоа што таа се чувствува дека е заменета за некој друг и повеќе не е потребна. Сетете се како вие се чувствувате кога таа ќе дојде кај вас. Како да ви го превзема домот и обврските во него. Истото го чувствува и таа кога ќе дојде кај вас. Затоа дозволете и да се чувствува убаво кога ќе дојде. Само ставете ставете граница. Да не сака да остане кај вас, на подолго.

Направете да се чувствува важна. Кога ја спремате велерата, замолете ја за помош. И вие ќе се растеретите со обврските, и таа ќе биде среќна што вие од неа барате помош.

Разговарајте за своите деца. Знам дека кога зборувате вие, таа не слуша воопшто, но ете пробајте. Ако не, оставете ја па нека зборува таа. Така нема да има време да се знаимава со вас.

“ Удавете” ја со љубезност. На секој нејзин саркастичен коментар, одговорете со љубезност. На секој ироничен поглед, вратете и со комплимент. Тоа многу ќе ја изнервира, и ќе гледа да се поштеди во иднина.

Невозможна мисија. Доколку сето ова го имате пробано, а не дало резултат, тогаш обидете се да не допира она што таа го прави. На крајот, секогаш е најдобаро она едноставното “ од едно уво влегло од друго излегло” .

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag