Еден американец го удрил автомобилот вреден 380.000 долари кој го осовил на лотарија само шест часа откако го освоил на лотарија.
„Да, го освоив автомобилот во саботата, а го удрив во неделата“, изјавил Дејвид Доп во интервју за американската телевизија КСЛ.
Суперспортскиот автомобил Ламборџини моментално се наоѓа н а сервис во Лас Вегас.
Доп бил снимен како скока од среќа во моментот кога го осовил овој автомобил од соништата. Тој изјавил дека утре дента откако го земал автомобилот решил да ги повози неколкуте пријатели и семејството . во еден момент изгубил контрола на автомобилот, удрил во банкина и на крај застанал во едена ливада.
Во несреќата никој не бил повреден, а Ламборџините на неколку места било удрено.
Доп изјавил дека планира да го продаде луксузниот автомобил, за да може да си ги плати насобраните сметки, а на сопругата ќе и купи нов, но поскромен автомобил.