Вадах Ханфар, генерален директор на Арапската сателитска телевизија Ал Џезира, си поднел оставка по осум години работа на таа позиција, објавил АП во вторникот. Оставка ја поднел, откако Викиликс објавил документи на кои било приложено дека Ханфар бил близок со САД, и дека неколку пати одлучил да не објави извештаи кои не биле во полза на САД.
Челни луѓе на телевизијата Ал Џезира изјавиле дека неговата оставка нема никаква врска со документите на Викиликс, тој својата оставка ја најавил уште во јули годинава. Ханфар изјавил дека мора да си оди за да продолжи понатаму, и дека на Ал Џезира и се потребни промени. Тој бил заменет од страна на бизнисмен од Катар кој е член на кралското семејство Шеик Ахмад бин Мухамед бин Јасем Ал-Тани.