За прв пат во 20 години, откажан е концерт на групата Take That и тоа поради Роби Вилијамс. Всушност концертот во Данска е одложен поради тоа што Роби Вилијамс имал труење од храна.
“Не ни е сеедно што моравме да го откажеме концертот во Данска, во последните 20 години од нашата кариера, ова ни е прв пат да откажеме концерт. Навистина жалиме поради тоа”, навадено е во службеното соопштение. Момците од бендот размислувале да настапат без Роби Вилијамс, но подоцна се откажале од оваа идеја.