Еден американски истражувач открил инсект кој може да се кандидира за најголем во светот. Инсектот потсетува на огромен скакулец, а припаѓал на видот џиновски вета (Weta), но и од него е доста поголем.
Инсектот е долг 20 сантиметри, а тежок скоро колку три глувци. Овој необичен инсект го открил 53 годишниот Марк Мофет на едно дрво на островот Мал Гребен, на Нов Зеланд.
„Џиновскиот вета е најголем инсект во светот, а ова е дефинитивно најголемиот примерок кој е некогаш пронајден“, изјавил американецот.
Откако го фотографирале, Мофет и тимот на истражувачи неверојатниот инсект го вратиле назад на слобода.