Омилената детска бајка Снежана и седумте џуџиња добива своја врвна филмската екранизација. И покрај одличната актерска екипа, филмот ќе преовладува со спектакуларни сцени, кои сега за прв пат се појавуваат во јавноста.
Улогата на главниот негативец во филмот и припадна на актерката Џулија Робертс, додека Снежана ќе ја глуми младата актерка Лили Колинс, ќерка на пејачот Фил Колинс.
За 43-годишната филмска актерка како Џулија, Лили има само пофални зборови.
“Таа ја глуми лошата кралица на начин на кој никој не го очекува тоа! Сите ја сакаат нејзината карактеристична насмевка, но во овој филм се смее на целосно “искривен” начин. Тешко ќе биде да се одлучите дали ја сакате или мразите. Таа е брилијантна и голема чест е да се глуми со нејзе, изјавила Лили.
Колку Џулија Робертс е верна на својата улога, покажala анегдотата која ја раскажала Лили.
Понекогаш, толку се соживува со улогата што навистина е лоша према мене. Во една сцена толку силно ме повлече за косата, што половина и остана во нејзината рака, но по несреќата таа веднаш се извини. Таа е прекрасна, додала Лили.
Филмот би требало да се појави во кино салите во март следната година.