Откриена тајната на човековата еволуција

popara10 септември, 20111min00
lusi naslovna

Анализите на два милиони старите коски пронајдени во Јужна Африка до сега се најзначаен доказ во откривање на прелазниот облик кој довел до формирање на човечката раса. Некои научници одат дотаму што велат дека новите пронајдени остатоци всушност може да доведат до преиспитување на теоријата на еволуцијата.

Коските припаѓаат на Australopitek Sediba. Пронајдени се во 2008 година во регионот Малапа кај Јоханесбург – област која изобилува со пештери полни со фосилни остатоци.

„Овој пронајдок е како да сте ја фатиле еволуцијата во клучниот момент, паузирана слика на еволуцијата во акција„ – истакнува Ричард Потс директор на програмата за потеклото на луѓето во институтот Смитсон.

Научниците долго време сметаа дека фамилијата Australopitek, на која и припаѓа прочуениот фосил наречен Луси, е примитивниот кандидат за потеклото на луѓето, но според новото истражување Луси всушност е делот кој ги поврзува двете групи, пралуѓето и луѓето.

Луси имал мозок, раце и стапала кои имаат карактеристики слични на оние кај современиот човек. Мозокот е физички сместен како оној кај приматите, но анатомски многу наликувал на мозокот на современиот човек.

Научниците негираат дека Луси е всушност „кариката која недостасува“ во еволуцијата од примат во човек, туку таа е најдобар доказ за прелазен облик помеѓу две фази од еволуцијата на човекот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag