Основачот на компанијата Apple омилената комбинација на гардероба почнал да ја носи одеднаш – еден ден се појавил во црна ролка и фармерки и од тогаш не престанал да ја менува.
Дури по неговата смрт почнаа да се откриваат деталите за животот на славниот Стив Џобс. Една од тајните сигурно е опсесијата со црната ролка и фармерките.
Основачот на Apple и еден од највлијателните претприемачи во светот, славната облека почнал да ја носи одеднаш, едноставно еден ден се појавил во црна ролка и фармерки. Сите ги интерсирало од каде таа ненадејна промена, а тајната ја открие пред неколку дена биографот на Џобс, Валтер Исаксон.
Поточно, Џобс уште во 80-тите години на минатиот век ја посетил фабриката на Сони која го импресионирала. Таму забележал дека вработените носат идентична облека. Истражувал и зошто, па открил дека по Втората Светска војна кога скоро немало многу облека, Сони набавил за своите вработени идентична.
Тој тренд започнале да го следат и други јапонски корпорации, а носењето иста гардероба станало начин вработените да се зближуваат и да се формира корпорациска култура. Стив бил воодушевен од таа идеја, па сакал да ја внесе и во Apple, но не му успеало.
Сепак, за време на посетата на Јапонија, Стив се запознал со дизајнерот на Сони, Исај Мијаки кого го замолил да му издизајнира неколку типа на ролки. На Џобс ммногу му се допаднале па побарал да му се направат стотици идентични ролки.
Џобс во текот на своите јавни настапи се обидувал да стане визуелно препознатлив, а скоро успеа да направи бренд од тоа. Неговата авторизирана биографија се очекува да се најде на полиците на американските книжари кон крајот на овој месец.