Откриени тајните на Гвантанамо

popara25 април, 20111min00
CUBA-US-ATTACKS-ENDURING FREEDOM-AFGHANISTAN DETAINEES

WikiLeaks откри тајни документи и детали за затворскиот живот во најозогласениот затвор во светот Гвантанамо во Куба. Над 700 нови документи за Гвантанамо откриваат дека биле затварани невини луѓе, деца и психички болни луѓе. Објавените документи укажуваат на начинот на испрашување, условите во затворот, однесувањето кон затворениците и слабите обвиненија, малтеретирањето на затворениците.

Во американскиот затвор на Куба се уште има 172 затвореници, иако Барак Обама пред околу две години кажа дека на затворот ќе му се стави клуч. Објавените документи ги содржат досиеата на сите затвореници кои од 2002 година до 2009 година поминале во правниот систем наречен “пекол“, кој функционира никаде на друго место во Америка.

Она што започна како лажиран правен експеримент по терористичките напади во 2001 година, денеска изгледа како трајна американска институција, а откриените документи и многуте контрадикторни докази покажуваат дека многу од случаевите никогаш не завршиле пред кривичниот суд или воените трибунали.

Меѓу затворените биле, 89 годишен старец фармер од Авганистан, 14 годишно момче и новинар од арапската телевизија Ал-Џезира. Меѓу откритијата е и саудиецот Mohammad Qahtani кој е поврзуван со нападите 9/11, кој бил камшикуван, сексуално малтретиран и принуден да уринира врз себе за време на испрашувањата. Еден човек бил уапсен во близина на место на кое биле поставени бомби, бил затворен три години, се додека официјалните лица не заклучиле дека бил само овчар. На разузнавачки службеници од неколку нации (Рузија, Јемен, Саудиска Арабија и Тунис) им било дозволено да ги испитаат осомничените кои биле во Гвантанамо.

“Се уште има осомничени кои се затворени поради веројатност од тероризам, додека доказите за многумина други во многу случаеви не би поминале пред судот“, обајвуваат извештаите во New York Times, еден од неколкуте весници кои ги објавија документите на WikiLeaks.

Протечените информации откриваат дека доказите против затворениците се базираат на интуиција и лично искуство, наместо на методи и инстументи за истражување на пост воени информнации, а во исто време со истите информации, истите тие официјални лица ја убедуваат администрацијата на Обама да продолжи објектот со работење, заклучува Times.

Портпаролот на Пентагон изјавил дека протокот на овие информации може да влијае штетно на националната безбедност на САД и да ги загрози акциите кои се во тек. Војникот Бредли Менинг е затворен токму поради овие стотиците илјади докумнети на САД, меѓу кои се овие за Гвантанамо. Бредли Менинг е обвинет за шпионажа и дополнителни 22 други обвиненија, поради тоа што им гипредал документите на WikiLeaks.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag