Откритие на векот – чоколадо против стареење!!!

popara22 ноември, 20111min00
cokolado

Одлични вести за љубителите на чоколадото! Многу жени ќе бидат особено задоволни од најновиот проект на двата најголеми производители на чоколадо во светот, кои ги здружија силите за да создадат чоколадо против стареење. Замислете, повеќе нема да се чувствувате виновни откако ќе изедете чоколадо, затоа што јадењето чоколадо ќе ве подмладува.

Најновиот вид на чоколадо ќе биде богат со антиоксиданси и така ќе го успорува процесот на стареење и ќе помага во обновувањето на кожата. Со само 20 гр. чоколадо на ден ќе го спречите создавањето на брчките.

„Иако ни е тешко да ги поврземе чоколадото и здравјето, факт е дека овој вид на чоколадо ќе биде пријател на нашето здравје, особено на кожата. Најновата чоколада дефинитивно ќе го забави процесот на стареење“, вели Ханс Вриенс, претставник на компанијата, на која треба да и се оддадат сите почести за оваа прекрасна идеја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag