Џиновскиот комплекс „Вестфилд Стратфорд“ во Велика Британија ги отвори вратите за десетици илјади желни луѓе зависни од шопинг.
Овој трговски центар се наоѓа во источен Лондон и се простира на 580.000 квадратни километри, има околу 5000 места за паркирање и дури 268 продавници и 70 ресторани и кафулиња.
Повеќе од десет илјади љубопитни луѓе присуствуваа на отворањето на кое пееше Никол Шерзингер.
Целиот проект чинел околу 1,4 милијарди долари, а потрошени се 40.000 тони челик – доволно да се изградат пет Ајфелови кули. Насекаде низ трговскиот центар се поставени големи LED екрани на кои директно ќе се пренесуваат случувањата од претстојните Олимписки игри во Лондон.
Во „Вестфилд Стратфорд“ ги има следниве познати марки продавници: „Н&М“, „Викторијас Сикрет“, „ГАП“, „Адидас“, „Бершка“, „Зара“, „Џен енд Џонс“, „Самсунг“, „Епл“ и многу други. Никако не смееме да ги изоставиме и „МекДоналдс“, „Кентаки фрајд чикен“ и „Боди шоп“. На листата ѝ нема крај.
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, кој ја пресече црвената лента на отворањето, изјави дека овој трговски центар ќе придонесе за започнување на серизна трансформација на источен Лондон.
„Во овој комплекс ќе се вработат 18.000 луѓе, а инвестицијата носи и најмодерни иновации во инфраструктурата и јавниот превоз“, додава Борис.