Отворен првиот дом на Ана Франк во Амстердам!

popara13 декември, 20111min00
Amsterdam-Anne-Frank-Huis-sign

Првата куќа на Ана Франк во Амстердам, каде живеело нејзиното семејство од 1922 до 1942 година пред да заминат во тајно скривалиште била отворена во саботата.

Само тој ден 300 до 400 луѓе го посетила домот на хероината која во својот дневник ги запишала деновите кога се криела од нацистите. Книгата „Дневникот на Ана Франк“ стана бестселер веднаш по нејзиното објавување, превдена е на повеќе дестици јазици и продадена во подеќе од 30 милиони копии ширум светот.

Куќата која е во сопственост на Ymere компанијата, а имотот го купила пред седум години и го реставрирала во соработка со фондацијата Ана Франк, за да изгледа автентично како 30-тите години од минатиот век.

Другата куќа каде Ана Франк се криела со семејството е претворена во Музеј – куќа на Ана Франк и се наоѓа во центарот на Амстердам. Тоа е и еден од најпосетуваните музеи во Холандија, а во него не е дозволено фотографирање.

Ана Франк починала од тифус во логорот Берген – Белсен во март 1945 година, само неколку недели пред ослободување на логорот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag