Отворен првиот фризерски салон за дебели луѓе! Па кога има побарувачка…

popara13 октомври, 20111min00
frizer

Доколку немате голем задник, нема шишање! Фризерот Башар Браун од Британија го отвори првиот фризерски салон наменет за дебели луѓе.

Башар смета дека со отворање на овој салон тој ќе може да им помогне на дебелите луѓе да се опуштат и да не се чувствуваат дискриминирано, како во другите салони.

„Жените ми кажуваа дека не можат да поднесат да бидат опкружени со слаби и згодни девојки кои ги гледаат со потсмев и сожалување. Обичните фризерски салони за нив се како фитнес центар, им се лини дека сите зјапаат во нив“, објаснува британскиот фризер.

Во новиот фризерски салон на Башар, се е исто како и во обичен салон, освен големината на столчињата кои се направени за дебелите луѓе да се чувствуваат поудобно во нив.

Нема сомнение дека тој има добри намери, но неговиот концепт е малку чуден. Којзнае дали ќе му тргне бизнисот, затоа и тие што се дебели нема да сакаат да одат во фризерски салон за дебели луѓе, нели??? Со тоа само ќе си признаат себеси дека се дебели, а тоа не е лесно да се направи.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag