Отворен првиот хотел за миленици со 7 ѕвезди во Дубаи

popara8 декември, 20111min00
Urban-Tails-Dubai4-550x364

Изгледа дека на милениците не им е доволен хотел со 5 ѕвезди, па затоа во Дубаи неодамна беше отворен хотел со 7 ѕвезди наменет за богатите миленици.

Хотелот „Урбани опавчиња“ е еквивалент на Бурџ ал Араб, но е наменет за мачиња и кучиња. Хотелот е дело на ирскиот архитект Ајден О‘Мара, кој идејата ја добил инспириран од фактот дека милениците не се дозволени на плажите во Дубаи.

Хотелот нуди 70 апартмани за кучиња и 40 апартмани за мачки и се обврзува беспрекорно да се грижи за милениците додека вие уживате во вашиот одмор. Сопствениците може да ги посетат кога сакаат и да се уверат дека хотелот добро се грижи за нивните миленици.

Кога станува збор за апартманите може да изберете помеѓу Џуниор апартман, Делукс апартман со плазма ТВ и поглед кон градината, Урбан апартман со плазма ТВ, поглед кон градината и камера за набљудување и Ројал Апартман кој вклучува плазма ТВ, поглед кон градината и камера за набљудување, но и професионален батлер кој му стои на располагање на вашето милениче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag