За најголемиот бурек, за кој се верува дека ќе влезе во Гинисовата книга нарекорди, потрошени се 150 кг тесто, 50 кг сирење и 20 кг маст. На него работеле пет пекари.
Овој бурек подготвен во Ниш тежи 200 килограми. На него работеле мајстори пекари од пет пекари. Можно е бурекот да не се најде во Гинисовата книга на рекорди бидејќи не дошле членови на комисијата од гинис за да го проценат подготвениот бурек.
Освен најголемиот, друга атракција на овогодинешниот фестивал Бурегаџија бил и најмалиот бурек тежок само 5 грама. Го испекол пекарот Горан Јовчиќ во чеп од пивска боца.