Цеск Фабрегас би можел да го оствари својот сон веќе во следните неколку дена. Тој треба да пристигне во Мадрид во среда, за да сними заедничка реклама со Чаби Алонсо и Давид Виља. Се очекува со него да дојдат и неговите застапници, кој веднаш ќе заминат за Барселона за конечно преговорите да ги донесат до самиот крај. Сега Арсенал многу ги менува работите, бара многу пари, според некој извори дуѕри 48 милиони фунти. Медиумите веруваат дека Венгер и Фабрегас имаат “џентлменски договор” уште од почетокот на минатата сезона, според кој шпанскиот играч има дозвола да го напушти клубот. Фабрегас има уште 4 години од договорот, а постојано повторува дека посакува да се врати во клубот од каде замина кога имаше само 16 години. “Јас сум член на Барселона, заедно со мојот дедо, вујко ми и мојте роднини. Јас сум Каталонец и го чувствувам тоа” изјави Фабрегас уште многу порано.