Британката Клер Ормистом од Бирмингем барала од својата ќерка Маргарет за 100-тиот роденден да и организира прослава со машки стриптизер.
„Неможев да поверувам. Нејзиниот смисол за хумор навистина е чуден, за малку ќе се превртев од столчето“, изјавила Маргарет за таблоидот Мирор.
Барањето на славеничката било исполнето минатата недела со стриптизерот Џон Грин, познат како Шкорпија.
Грин кој се соблекол само по гаќи, изјавил дека тоа му било прв пат да настапува на 100-ти роденден на некоја личност.
„Клер ми рече дека од секогаш сакала да види машки стриптиз. Па изгледа доста чекала!“, додал тој и навел дека старицата уживала во неговиот стриптиз перформанс.