Канадската ѕвезда и нејзиното семејство се големи фанови на кралското семејство. Памела би била воодушевена ако кралицата намине во нејзиниот дом и смета дека ќе има многу заеднички теми со нејзината тетка Ви.
-Јас сум голема обожавателка на кралицата, со моето семејство секоја година го гледаме нејзиниот говор. Мислам дека кралицата одлично ќе се согласува со мојата тетка Ви, која има 86 години. Мојата покојна баба исто така ја сакаше кралицата. Доживеа 99 години, а во Канада ако наполниш 99 години добиваш телеграма од кралицата. Мислам дека тоа е една од причините што толку долго живееше, објаснува Памела.