Паметни трикови против прејадување

popara27 ноември, 20111min00
prejaduvanje

Една од најголемите причини за вишокот на килограми е фактот дека не знаеме кога треба да сопреме со јадење. Всушност, лушето најчесто јадат многу повеќе од што им е потребни да се заситат. Еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да не се прејадувате:

Спасото е во зеленчукот: Обидете се да јадете оброци кои ќе бидат засновани на зеленчук, затоа што зеленчукоте здрав за вашето тело, а содржи многу малку калории.

Стратегија за во ресторан: Пред да заминете на ручек или вечера во ресторан изедете овошје и зеленчук, кои ќе ве заситат и ќе ви помогнат да им одолеете на калоричните бомби. Доколку одите директно во ресторан, како предјадење порачајте салата.

Мали оброци: Поделете ги вашите оброци на помали делови, и јадете полека и со уживање. Со малите оброци ќе му помогнете на вашиот организам полесно да ја свари изедената храна.

Ослободете се од грицките: Изфрлете го сладоледот, слатките, чипсот, колачите, крофните и другите солени или слатки грицки од вашиот дом. На нивно место снабдете се со свежо овошје, зеленчук и житарици.

Мерете оброци со рацете: Никогаш не јадете повеќе отколку што може да собере во вашите дланки. Во спротивно ризикувате да се прејадете.

Секогаш користете чинија: Избегнувајте да јадете дирекно од кутија, туку јадењето секогаш ставете го во чинија. Така ќе имате прегледност на тоа што го јадете.

Одредете си време: Дајте си време колку ќе ви трае еден оброк. Така, за ручек одвојте 15 минути, меѓутоа јадете полека и без брзање. По 15 минути престанете, без оглед на тоа даи сте ја изеле предвидената храна или не.

Повеќе кон помалку: Држете се до златното правило дека доручекот треба да биде обилен, ручекот умерен а вечерата скромна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag