Папагалите Елвис и Чила веќе година дена работат за сигурносната компанија ‘MP Guarding’ во Англија . Она што е уште поинтересно е фактот што тие знаат да го имитираат лаежот на кучињата.
„Папагалите научија да „лаат“ уште додека живеја во Шпанија, и тоа од кучето на соседите, кое по цела ноќ не престануваше да лае“ истакнува сопственикот на папагалите Тревор Бате инаку сопственик на компанијата.
Освен што знаат да „лаат“ Елвис и Чила знаат совршено да ги „изговараат“ и „те сакам“ „баци ме“ „како си“ на Англиски јазик.