Пари на дрво не растат, ама никнуваат во бавча :)

popara4 септември, 20111min00
20-dollar-bill

Нема кој не ја чул старата добра поговорка: Пари на дрво не растат! Но, понекогаш никнуваат во градината. За еден невработен човек од Илиноис, 150.000 долари никнаа во неговата бавча додека еден ден си подработувал низ неа.

Вејн Сабај си тргнал да набере брокули во бавчата, кога забележал неколу полни торби кои навидум личеле дека се полни со ѓубре. Откако ги отворил, открил дека се работи за пари во кеш: купчиња банкноти од по 20 долари со вкупен износ од 150.000 долари. 49-годишниот човек кој живее со татко му не знаел што да прави од радост.

По професија бил столар, но невработен и овие пари можеле многу добро да му се најдат. Но, се плашел дека со парите доаѓа и неволја. Си помислил дека се работи за грабеж на банка и дека наскоро ќе биде обвинет за тоа.

Поради тоа, искрениот човек раскажал сè како што се случило на полицијата. Засега, полицијата нема информација од каде доаѓаат парите. Никој не пријавил кражба, ниту пак, некоја банка била ограбена.

Ако никој не дојде да си ги побара парите, можеби за Сабај, приказната ќе има среќен крај. Тој си најмил дури и адвокат, за секој случај. Парите се наоѓаат кај полицискиот шериф, па ако набрзо не се најде легален сопственик на парите, ќе има расправа каде ќе одат доларчињата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma