Париз – Градот на Светлината

popara15 септември, 20112min01
pariz

Парис град на љубовта, културата и светлината. Овој голем град ги повикува вљубениците на уметноста, културата, историјата и се останато. Покрај наромантичниот и најубавиот град во светот, Париз е и главен град на модата во светот.

Лоциран е на Реката Сена во северна Франција, во срцето на регионот “Париссена”. Парис денес е еден од светските водечки бизнис и културни центри, и неговото влијание во политиката, образованието, забавата, модата, науката и уметноста, допринесува во неговиот статус на еден од светските глобални градови, заедно со Лондон, Њу Јорк и Токио. Градот е важно средиште  на интернационален транспорт и дом на универзитети, спортски настани, опера и музеи, кои го прават најпопуларна туристичка дестинација во светот со повеке од 30 милиони странски туристи во годината.

Парис одсекогаш бил дестинација на многу трговци, студенти, религиозни луѓе, но неговиот туризам во правата смисла на зборот започнал по изградбата на првата железничка станица во 1848 година. Сепак, една од првите “мас” атракции што го привлече светското внимание и што подоцна му донесе на Парис многу нови атракции, е Ајфеловата Кула.

Таа е најверојатно најпопуларниот и најпрепознатливиот споменик во светот денес и највисоката сруктура во Парис. Изградена е од страна на Густав Ајфел во 1889 година и е висока 317 метри, а тежи 10,100 тони. Ајфел имал дозвола кулата да стои само 20 години, односно да биде срушена во 1909 година, кога ќе премине во сопственост на градот Парис. Но како што кулата се покажала погодна за комуникацицки цели било одлучено да не се сруши и денес е посетена од 6 милиони туристи годишно.

За да стигнете до восхитувачкиот поглед на Ајфеловата Кула, може да се искачите по скали или со лифт. Првото и второто ниво се обрзбедени со скали и лифтови. На првата платформа, скалите продолжуваат до источната кула. Третото ниво е достапно само со лифт. Кога сте на првата или втората платформа, скалите се отворени за секој без разлика дали имате карта. До местото каде што се купуваат карти има 9 скалила, до првото ниво има 328 скалила, 340 до второто ниво и уште 18 скалила до платформата со лифтови на второто ниво. Кога ќе се искачите со лифт на третото ниво има уште 15 скалила до погорната палтформа за набљудување. Бројот на скалилата е напишан од страните за да ви покаже до каде сте стигнале. Кога ќе се искачите до врвот на кулата ве чека прекрасен поглед над Парис кој никогаш нема да го заборавите.

Музеите и спомениците во Парис, се неговите најзначајни атракции. Најзначајниот музеј, Лувер, чија зграда првично била кралска палата, има повеќе од 6 милиони посетители годишно. Тој е еден од најголемите и најпознатите музеи, и дом на многу познати уметнички дела, вклучувајќи ја сликата на Леонрдо да Винчи, Мона Лиса и статуата Афродита од Милос. Лувер е најпосетениот и еден од најстарите музеи и уметнички галерии во светот. Има долга историја на уметнички и историски дела од династијата Капетиан па до денес.

Делата на Пабло Пикасо и Родин можат да се видат во Музејот Пикасо и Музејот Родин.

Катедралите се друга значајна атракција. Една од најпознатите катедрали со 12 милиони посетители годишно, е Нотре Дам, што преведено од француски значи “Нашата Дама”. Таа е  готичка катедрала на источната страна на Парис, со главниот влез свртен на запад. Сеуште се користи како Римска Католичка катедрала, и е седиште на архиепископот од Парис. Нотре Дам е широко прифатена како една од најдобрите примери на Француската Готичка архитектура. Нејзините скулптури и безбојно стакло го покажуваат големото влијание на натурализмот.

Кога веќе ќе ги поминете најпознатите знаменитости како, Лувер, Нотре Дам, Ајфеловата Кула, ослоботете се од туристичките замки и започнете да истажувате. Всушност, најинтересно е кога се шета без никаков план. Можете да седнете на некоја клупа во Туилерес или Луксембург.

Градината Туилерес создадена во 16от век, опкружена со Лувер на исток, Сена на југ, Палатата Конкорде на запад, и Улицата Равиоли на север. Таа покрива 25 хектари, и сеуште го има дизајнот направен од архитектот Андре де Нотре во 1664 година.

Градината Ликсембург е јавен парк, и е најголем во градот. Таа е градина на Францускиот Сенат, кој е лоциран во Палатата Луксембург. Градината поседува и големи модени игралишта кои се многу популарни кај локалните деца и нивните родители. Во нејзин сколп се наоѓа и одличен куклен театар. Езерцето го опкружуваат неколку статуи на поранешни Француски кралици. Во зависност од приликите достапни се и пони коњи за јавање, а како додаток на тоа се одржуваат музички изведби во некои од белведерите. Во близина, под дрвјата има и многу добар, а не моногу скап ресторан, со летна тераса, каде што може да се ужива во убавата музика со чаша добро вино.

Друго одлично место за да се избегне од гратскиот метеж и да се ужива во прекрасната природа се другите две поголеми градини, субурбани паркови, Паркот на Бутес Чаумонт и Паркот на Мончау, кои се креации на Втората Империја.

Исто така, може да седнете во некое од попатните кафулиња кои се неизбежна станица на патот кон работа на многу Парижани, особено за време на паузите за ручек, и да го почуствувате внатрешниот ритам на градот.

Рана утринска прошетка може да ве одведе до отворениот пазар за храна на улицата Моуфетард. Тука може да ја видите љубовта на Парижаните кон храната и виното, која останала непроменета со векови. Тука храната се гледа со почитување, и е наредена на рафтовите со најголемо внимание. Првите сезонски црешни од Роусилон, свежо козјо сирење од Алпите или пак некои од повеќето видови на диви шумски печурки, се работи кои не смеете да не ги пробате доколку го посетите овој пазар.

Кога сте во Парис морате да одите на опера или театар. Најголемите оперски куќи во Парис се од 19-от век Операта Гарниер и модерната Опера Бастиле. Во овие оперски куќи може да видите мешан репертоар на најдобрите класични и модерни балети и опери.

Театарот традиционално има многу големо и важно место во Париската култура. Некои од најпознатите париски театри се Бобино и Театарот Могадор .Некои од театарските сали служат и како концертни сали.

Доколку имате време, атракција е да се посети наголемото кино во Парис, Гранд Рекс со 2800 седишта, или пак некое од останатите кина кои имаат помалку од 1000 седишта. Денес и Парис го следи трендот на светсите модерни кина во кои во едно кино има од 10 до 20 филмски платна на кои истовремено се прикажуваат различни филмови. Специјалност на Парис е големата мрежа на мали кина. Во една недела филмските љубители имаат избор од околу 300 нови и стари филмови од целиот свет.

Доколку сакате да бидете дел од ноќниот живот во Парис, треба да знаете дека поголемиот дел се одвива во клубовите како Le Queen, L’Etoile, Le Cab, во кои посетителите се многу строго селектирани. Најпознати ноќни клубови во кои се пушта електонска музика се Le Rex, Batofar и The Pulp и во нив гостуваат светски познати ДЈи. Секако неможете и несмеете да не го посетите најпознатото кабаре во Парис, Мулен Руж.

Уште од 1889 година до денес, во Мулен Руж се прикажуваат екстравагантни настапи на публика која доаѓа од секаде во светот. Кабарето е познато по представување на Францускиот Канкан на светот. Украсени со раскошни пердуви и вештачки дијаманти, можат да се видат најубавите девојки од Европа. Со воодушевувачки сетови, иновативни кореографии и оригинална музика, во Мулен Руж гостувале интернационални ѕвезди како Лиза Минели, Френк Синатра и Елтон Џон, како и многу домашни ѕвезди.

За да стигнете до било вашата дестинација во Парис користете го Метрото, кое е еден од најважните методи за транспорт. Системот вклучува шеснаесет линии, поделени со броеви од 1 до 14, со две помали линии, 3bis и 7bis. Исто така има две трамвајски линии во линијата Т1 која оди од Saint-Denis до Noisy-le-Sec и линијата Т2 која оди од La Défense до Issy. Трета линија, Т3 се обраќа од Pont du Garigliano до Porte d’Ivry.

До Парис, може да се дојде со авион или пак со воз. Постојат два големи аеродроми, Orly, кој се наоѓа јужно од Парис и Charles de Gaulle Интернационален аеродром во близина на Roissy-en-France, кој е еден од најфренкфентните во Европа. Трет помал аеродром се наоѓа 70 км северно од градот. Се користи за чартер летови и поефтини авионски линии.

Парис е централно седиште на националната железничка линија на високо брзи и обични возови. Има шест главни станици, Gare du Nord, Gare Montparnasse, Gare de l’Est, Gare de Lyon, Gare d’Austerlitz иGare Saint-Lazare, кои ја поврзуваат оваа железничка линија со Метрото.

Парис е брз, луд и хаотичен. Но, сепак е неверојатно прекрасен и жив, богат со историја, култура и уметност. Во градот има нов космополитски шарм, чуство на виталност и модернизам, додека традицијата продолжува да биде подлогата на Париската култура. Со неговите булевари и многубројните мостови на Сена, фантастичните музеи и мулти-културални населби, Парис е град кој не може да го заборавите, без разлика дали сте прв пат таму или пак дваесети. Нема крај на занемувачките места што можат да се видат. Од Лувер до малите кафитерии. Се е прекрасно.

One comment

  • не е важно

    6 март, 2014 at 18:20

    Сте го изоставиле Версај, нешто што не смее да не се посети кога сте во Парис.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma